Утрински Весник
Македонија

Милевски во Приштина: Секој застој во евроинтеграциските процеси е ризик и за развојот и за севкупната безбедност

Милевски во Приштина: Секој застој во евроинтеграциските процеси е ризик и за развојот и за севкупната безбедност

Регионот ќе биде стабилен и ќе може да се развива преку соработка и преку јасен одговор на Европската Унија за признавање и за обезбедување на континуитет на евроинтеграциските процеси. Секој застој е ризик и за развојот и за севкупната безбедност, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на регионалната конференција „Предизвиците и перспективите на регионалниот развој во Западен Балкан”, која што денеска и утре се одржува во Приштина.

„Ние и од оваа конференција испраќаме порака дека Балканот има ново лице, ние сме фактор на стабилност и сме цврсто решени да опстоиме во напорите за економски и демократски развој на нашите држави и на регионот, со соработка и со поддршка од Европската Унија чии што принципи се вградени во нашите политики“, посочи Милевски.

Тој истакна дека Северна Македонија посебно внимание посветува на регионалниот развој, притоа водејќи сметка за развојот на државата врз основа на принципите на ЕУ и на развојните цели на ОН, но и за балансиран развој внатре во државата, меѓу планските региони и меѓу општините.

„Свесни сме дека само со намалување на внатрешните развојни разлики ќе можеме да создадеме услови за имплементација на европските стандарди во сите области, што го определуваат квалитетот на живеење на граѓаните“, рече Милевски.

Можете да прочитате

Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри

Локални избори 2025: Најмладиот кандидат за градоначалник има 23, настариот 79 години

ВМРО-ДПМНЕ: Делата ја демантираат реториката на Мојсоска и Левица, иако е пратеник, само годинава од партијата инкасирала 3 пати по 54.000 денари