Утрински Весник
Спорт

Милан реагираше на притисокот кон Донарума – прекин на преговорите до крајот на сезоната

Милан реагираше на притисокот кон Донарума – прекин на преговорите до крајот на сезоната

Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини како реакција на средбата на голманот Џиџио Донарума со лутите навивачи на „росонерите“, објави дека сите преговори за продолжување на договорите се стопирани до крајот на сезоната.

Ултрасите на Милан вчера се појавија во Миланело и побараа состанок со Донарума, велејќи му да го продолжи договорот или да не игра против Јувентус следната недела. Според весникот „Кориере дела сера“, Донарума си заминал од состанокот во солзи.

„Важно е да се посочи дека никој надвор од Милан не може да одлучува кој ќе игра и кој ќе го обновува договорот. Изборите на теренот ги прави тренерот, а клубот е задолжен за договорите. Од овој момент сите преговори за продолжување на договорот се стопирани до крајот на сезоната, за да се фокусираме на фудбалот. Ќе ги заштитуваме нашите фудбалери како и секогаш“, изјави Малдини за новинската агенција „АНСА“.

Ултрасите на Милан контра Донарума – или потпиши договор или не играј против Јуве

> Милан реагираше на притисокот кон Донарума – прекин на преговорите до крајот на сезоната <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија