Утрински Весник
Магазин

Миа Фароу се кае што го внела Вуди Ален во своето семејство

Миа Фароу се кае што го внела Вуди Ален во своето семејство
Ss2

76-годишната актерка сфаќа зошто никој не верувал во тврдењата на нејзината ќерка Дилан дека режисерот ја малтретирал кога имала само седум години затоа што му се восхитувала и го сакала исто како и сите негови фанови.

Во првата епизода на документарецот „Ален против Фароу“ (Allen v. Farrow) што почна да се емитува на „ХБО“ во неделата, Миа Фароу се обвинува самата за она што наводно се случило.

“Тоа е огромно жалење во мојот живот, што не бев доволно прониклива. Тоа е моја вина. Го доведов овој човек во моето семејство. Не можам ништо да направам за да го променам тоа,“ вели Миа во првата епизода.

„Сфаќам зошто луѓето не можат да поверуваат бидејќи кој би помислил дека Вуди Ален е таков? Не можев да поверувам ниту јас. Сите толку многу му се восхитуваа на Вуди, го сакаа, и јас исто така “.

Миа веќе имаше седум деца пред да се сретне со познатиот режисер – кој секогаш ги негираше обвинувањата и никогаш не беше обвинет – но првично го чуваше својот живот како мајка одвоен од нивната врска бидејќи Вуди, кој сега има 85 години, рекол дека не сака да биде татко.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Мајкл Даглас: Ги посетив децата на факултет, сите мислеа дека сум нивен дедо

Липата помага при висок крвен притисок, стрес и проблеми со мокрењето

Фосил на огромен древен рептил пронајден во Британија, подолг е од два автобуси