Утрински Весник
Македонија

МЗ: 80 oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

296 нови случаи на Ковид-19, починаа 8 лица
Img 5587

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со 23 септември.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Img 5587

Во наведениот период позитивни на Ковид-19 биле 32.818 граѓани, од кои 22% биле целосно вакцинирани, односно 7.248 лица.

Здравствените власти нагласуваат дека голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид-19.

„Според статистика за изминативе недели, 25.570, 78% граѓани, од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 80%, додека само 20% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Анлизата исто така покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема.

Во периодот од 6 август до 23 септември во Македонија починале 1.033 лица со Ковид-19, 888 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 14% примиле вакцина.

„Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на ‘Модерна’ и ‘Џонсон’“, стои во соопштението.

Министерството за здравство укажува на важноста од вакцинација и апелира граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што велат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани