Утрински Весник
Македонија

МЗ: Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон

МЗ: Детектиран Омикрон кај 33 пациенти, кај тројца детектиран и флурон

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARS CoV2.

Од изработени 56 примероци позитивни на SARS CoV2, 33 се позитивни на Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 59% од позитивните примероци. Оваа варијанта е детектирана кај 16 пациенти од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани.

Кај тројца пациенти од Скопје истовремено е детектирана комбинација од двата вируса Influenza A i SARS CoV 2.

Можете да прочитате

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ

„Платформа 12:05“: Само обединета опозиција може да ги победи десничарските популисти

Филипче: Честитки до граѓаните на Србија за големата победа