Утрински Весник
Спорт

Меси пропушти тренинг на Барселона

Фабрегас: Меси ќе игра до 40 години
Ss2

Барселона, 3 јуни 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси не учествуваше на тренинзите на тимот, но тоа не е поврзано со повреда, објави „Ел Мундо Депортиво“.

Аргентинскиот фудбалер тренираше индивидуално, но тоа нема да го спречи да ги продолжи подготовките по продолжувањето на шпанскиот шампионат.

300x250 (7)

Во групата на Каталонците денес беа вратени Самуел Умтити и Ансу Фати. Младите играчи Ињаки Пења, Араујо, Рики Пуч, Алекс Кољадо, Чуми, Хорхе Куенка и Кике Саверио исто така тренираа со првиот тим.

Меси (32) е дете на Барселона. Оваа сезона тој учествуваше на 22 натпревари од шпанскиот шампионат, во кои постигна 19 голови и асистираше за 12.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Хулкенберг се сели во Заубер

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале