Утрински Весник
Спорт

Меси конечно погоди во Лига 1 – ПСЖ со играч помалку го победи Нант

Меси конечно погоди во Лига 1 – ПСЖ со играч помалку го победи Нант

ПСЖ со играч помалку го совлада Нант со 3:1. Натпреварот го обележаа црвениот картон на голманот Кејлор Навас и првиот гол што го постигна Лионе Меси во Лига 1.

ПСЖ по само 120 секунди игра о постигнаа првиот гол. Килијан Мбае беше стрелец. До крајот на полувремето Мејмар и Меси не реализираа добри шанси.

Голманот Навас во 65.минута стартуваше надвор од шеснаесетникот за то доби црвен картон. Предноста од играч повеќе Нант ја искористи во 77.минута, кога резервниот голман Рико го совлада Муами.

Само пет минути подоцна, Апиа си постигна авто-гол, а во 87.минута Меси со првенецот во Лига 1 стави точка на натпреварот.

ПСЖ се лидери на табелата со 37 бода, Нант се на 11.место со 18 бода.



> Меси конечно погоди во Лига 1 – ПСЖ со играч помалку го победи Нант <

Можете да прочитате

ФИА издаде предупредување за прегревање за време на ГН на Австрија

Барбарез: Сакавме да направиме историја, но не знаевме дека ќе стигнеме толку далеку

Мексико за прв пат во својата историја ги доби сите три натпревари од групната фаза