Утрински Весник
Спорт

Меси добил конкретна понуда од ПСЖ

Меси добил конкретна понуда од ПСЖ

ПСЖ, на Лионел Меси, му понудиле две годишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште една година, тврди бразилскиот новинар Марсело Бешлер. Овој новинар, во 2017 година, прв го најави трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ.

Новинарот, во изјава за „ТНТ спорт Бразил“, рекол дека ПСЖ може да му понуди на Меси, она што не може да му понуди ниту еден друг клуб. Тој дополнил, дека никој од опкружувањето на Меси, не сакал да ја потврди, ниту да ја демантира оваа информација.

Марсело Бешлер, не открива какви финансиски услови ПСЖ му понудиле на Аргентинецот.

Она што е сигурно е дека речиси сите играчи на ПСЖ, го канат Меси, да се пресели во Париз.

Најгласни се неговиот соиграч од репрезентацијата Анхел Ди Марија и поранешниот соиграч од Барселона, Нејмар.

> Меси добил конкретна понуда од ПСЖ <

Можете да прочитате

ФИФА ги призна грешките во подготовката на проектот ФФЕ и изрази поддршка за Инфантино

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години