Утрински Весник
Спорт

Мерцедес останаа први во Имола – проблеми за Ферстапен и Ред бул

Мерцедес останаа први во Имола – проблеми за Ферстапен и Ред бул
300x250 (7)

Валтери Ботас постави најдобро време и на вториот тренинг пред Емилија Ромања ГП трката во Имола, победувајќи го својот колега од Мерцедес Луис Хамилтон за 0.01 секунди, додека по фантастичната брзина на првата трка во Бахреин, Ред бул и Макс Ферстапен имаа големи проблеми – Холанѓанецот извозе само пет круга и ја заврши сесијата на 14. место.

Пјер Гасли во Алфа Таури беше изненадувачки на третото место со само 0.078 послабо време од Ботас, по што ветувачки следуваа возачите на Ферари, Карлос Саинс и Шарл Леклер, додека Серхио Перез во вториот Ред бул беше на шестото место.

300x250 (7)

Дебитантот Јуки Цунода беше седми за Алфа Таури пред Лендо Норис во Мекларен, Антонио Џовинаци во Алфа Ромео и Ленс Строл во Астон Мартин.

Сепак, приказната на денот е лошата форма и проблемите на Ред бул, кои пред две недели во Бахреин изгледаа како доминантен тим и останува да се види дали ќе можат да бидат ривали за победа овој викенд.

> Мерцедес останаа први во Имола – проблеми за Ферстапен и Ред бул <

Ss1

Можете да прочитате

Ѓоковиќ: Сакам да учествувам и на ОИ во 2028 година

Интер слави скудето на „Сан Сиро“

Ѓоковиќ по петти пат е најдобар спортист во светот