Утрински Весник
Економија

Мерките за плати ќе може да ги користат и управителите и сопственици на бизнисите

Ангеловска: Само со дигитализација e можна департизација и ефикасна администрација

Скопје, 9 април 2020 (МИА) – Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии на Фејсбук.

– Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место!, стои во објавата на министерката.

Како што појаснува дека во насока на заштита на микро и мали фирми се отстранува условот управивтели и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката и бројот на вработени треба да се задржат два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020

Повеќе информации за мерката, аплицирањето и условите bit.ly/merka-14500. скс/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија