Утрински Весник
Свет

Меркел побара полициски час во парламентот, но наиде на отпор

Меркел побара полициски час во парламентот, но наиде на отпор
300x250 (7)

Германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до пратениците да одобрат нови овластувања што ќе и овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час.

И покрај тоа што Меркел нагласила дека поголем број Германци се за рестриктивни мерки, нејзиниот апел наишол на отпор во парламентот.

Ss1

„ Третиот бран на пандемијата цврсто не зафати“, рече Меркел, чиј говор во Бундестагот го прекинаа пратениците од десничарската Алтернатива за Германија, која се противи на блокадата.

Меркел истакнала дека здравствените работници едвај го издржуваат притисокот.

„ Медицинските лица за интензивна нега испраќаат повик за помош, еден по друг. Кој може да ги игнорира нивните барања”, праша Меркел.

Нејзината влада сака парламентот да го измени Законот за заштита на заразни болести за да им овозможи на федералните власти да спроведат ограничувачки мерки, дури и ако регионалните лидери се спротивстават на тоа, со надеж дека ќе го намалат притисокот врз работниците за интензивна нега.

Воведувањето полициски час и давање на моќ на канцеларката да воведе мерки во 16 германски покраини наиде на критики во рамките на конзервативниот блок, член на Меркел, а анкетите покажуваат дека таа може да го доживее најлошиот резултат досега на парламентарните избори во септември.

Лидерот на парламентарната група Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, рече дека новите мерки се „невиден напад врз темелите на демократската слобода“.

Ss1

Можете да прочитате

За обнова на разрушените домови во Газа според ОН ќе бидат потребни минимум 16 години

Руски војници влегоа во американската база во Нигер

Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина