Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Мерилин Менсон доби црвен картон од неговата издавачка куќа по обвинувањата за сексуално насилство

Мерилин Менсон доби црвен картон од неговата издавачка куќа по обвинувањата за сексуално насилство
Img 7972

Издавачката куќа на контроверзниот рокер Мерилин Менсон во понеделникот соопшти дека му го раскинува договорот, откако актерката Еван Рејчел Вуд и неколку други жени го обвинија за сексуално злоставување кое траело со години.

Вуд (33), која била во тригодишна врска со Менсон (52) и била кратко верена со него во 2010 година, ваквите тврдења ги изнесе во објава на Инстаграм.

Ѕвездата на Westworld и претходно говореше за поранешен партнер – злоставувач, но сега со објава на социјалните мрежи го сподели и неговото име, откривајќи дека станува збор за рокерот Мерилин Менсон.

 

„Името на мојот злоставувач е Брајан Ворнер, кој на светот му е познат како Мерилин Менсон. Почна да ме воспитува кога бев тинејџерка и ужасно ме злоупотребуваше со години. Ми го испра мозокот и ме изманипулира за да му бидам покорна.“

„ Доста ми е од живот во страв од одмазда, клевета или уцена,“ напиша таа на својот Инстаграм-профил, додавајќи дека решила да го разоткрие злоставувачот пред да уништи и други животи.

„Тука сум за да го разоткријам овој опасен човек и бројните индустрии што му го овозможија тоа, пред да уништи и нечии други животи. Ќе бидам на страната на многу жртви кои веќе нема да молчат“.

Други жени во понеделникот се огласија на Инстаграм со обвинувања против Менсон, за наводна психофизичка тортура и сексуална злоупотреба во изминатите 10 години.

Дискографската куќа на Менсон, „Лома виста рекордингс“, во официјалното соопштение наедува дека „во светло на вознемирувачките обвинувања од Вуд и други жени, компанијата ќе престане да го промовира неговиот албум“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината