Утрински Весник
Економија

Менаџментот на Тутунски комбинат од Прилеп ќе зема минимална плата, разликата ќе биде донирана на сметката за солидарност за КОВИД 19

Тутунски комбинат Прилеп очекува да ја заврши годината со добивка

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Одборот на директори на Тутунскиот кобинат АД Прилеп донесе одлука во април целиот менаџмент во компанијата да земе минимална плата во висина од 14.500 денари.

– Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од КОВИД -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал, информираа денеска од компанијата.

Разликата од износот на минималната плата до целосниот износ на плата ќе биде уплатен на сметката за солидарност Ковид 19 што ја отвори Владата.

Од компанијата соопштуваат дека е донесена и одлука дел од вработените заради намалување на трошоците во компанијата да користат платен вонреден одмор. За администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80 проценти согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.

Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари. бак/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Лозарите мака мачат, ВМРО-ДПМНЕ да го прифати решението на СДСМ за дополнителни 3 денари за килограм грозје

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Ревизија: ЕСМ струјата ја продава по двојно пониска цена од производната