Утрински Весник
Магазин

Меконахи тврди дека сè уште има хемија помеѓу Пит и Анистон

Меконахи тврди дека сè уште има хемија помеѓу Пит и Анистон
Ss2

Метју Меконахи ги сподели своите размислувања за „сексуалната тензија“ помеѓу Бред Пит и Џенифер Анистон за време на читањето во живо на комедијата „Луди времиња на Рич Хај“ минатиот месец.

Метју Меконахи беше гостин во Watch what happens live (Види што се случува во живо) кога откри дека сè уште има хемија меѓу поранешниот брачен пар. Тој беше запрашан од еден фан дали дали можел да ја почувствува сексуалната тензија меѓу нив.

„Да, да, беше толку опипливо,“ рече Моконахи.

Меконахи го толкуваше ликот на Мајк Дејмон на читањето , додека Пит ја презеде улогата на Бред Хамилтон, а Анистон беше Линда Барет.

Овој проект привлече повеќе од 4 милиони гледачи на Интернет и собра повеќе од 135.000 долари за добротворни организации кои помагаат во борбата против Ковид-19.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август