Утрински Весник
Технологија

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот

Медицинското списание „Лансет“ го повлече истражувањето за хлорокинот

Њујорк, 5 јуни 2020 (/) – Едно од највлијателните и најпрестижни медицински списанија „Лансет“ го повлече истражувањето за лекот хидроксихлорокин, што беше објавен на 22 мај.

“Тројцата автори вчера ја повлекоа својата студија. Тие не се во можност да направат независна ревизија на податоците врз кои се темели нивната анализа. Како резултат на тоа, тие заклучија дека веќе не можат да гарантираат за вистинитоста на примарните извори на информации”, наведува списанието.

Четвртиот автор на студијата не сакаше да коментира за нејзиното повлекување, пренесуваат британските медиуми.

Истражувањето извршено врз речиси 100.000 пациенти со коронавирус покажа дека хидроксихлорокин и хлорокин не само што не дале добри резултати во третманот, туку може да ја зголемат веројатноста за смрт во болниците.

Според истражувањето, смртноста кај пациенти кои земале хидроксихлороин е 18 проценти, кај оние кои земале хлорохин 16,4 проценти, а кај контролната група на кои не им била дадена лекот девет проценти  Кај оние на кои им било дадено антибиотици покрај хидроксихлорокин и хлорохин, смртноста била уште поголема. сд/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META