Утрински Весник
Спорт

Сетиен инсистира на привлекување на Пјаниќ

„АС“: Кике Сетиен ќе биде нов тренер на Барселона

Барселона, 5 јуни 2020 (МИА) – Тренерот на Барселона, Кике Сетиен им соопштил на шефовите дека главниот приоритет за него е привлекувањето на Миралем Пјаниќ од Јувентус.

Се верува дека Бошњакот ќе замине во текот на летото, а тој избрал да се пресели на „Камп Ноу“.

Сепак, за него се заинтересирани и Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед, а тоа сериозно го загрижува Сетиен, тврди „Гол“.

Поради оваа причина, тренерот ги повика шефовите да направат се што е можно за да го доведат Пјаниќ во каталонската престолнина.

Двата клуба веќе се во преговори за ова прашање и се очекува да направат размена на играчи.
Нелсон Семедо и Жуниор Фирпо може да бидат дел од зделката за халфот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум