Утрински Весник
Свет

Медведев за запирањето на „Северен тек“: Европејците сега ќе плаќаат огромна цена за гасот

Медведев за запирањето на „Северен тек“: Европејците сега ќе плаќаат огромна цена за гасот

Дмитри Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагира на најавата на Германија за стопирање на проектот „Северен тек 2“.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот ‘Северен тек 2’. Добредојдовте во еден нов свет, каде што Европејците набргу ќе платат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас“, рече Медведев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц како одговор на вчерашното признавање на провинциите Донецк и Луганск ја прекина сертификацијата на гасоводот „Северен тек 2“.

Можете да прочитате

Иран објави список на загинатите за време на протестите

Трамп најави пониски царини за Индија по договор за енергенсите

Хектар обработливо земјиште во ЕУ се проценува на 15.224 евра во 2024 година