Утрински Весник
Македонија

МВР: 211 санкции за брзо возење

МВР: 211 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.01.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 211 возачи. Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 83 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 128 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Слободата на говорот – што се случува по изговорениот збор?

Муцунски на средба со извршната потпретседателка на Европската комисија Роксана Минзату

Промоција на „Страв од чекорење“ од Ѕвездан Георгиевски