Утрински Весник
Македонија

МВР: Приведени десет лица, пронајдена дрога и оружје во угостителски објекти во Битола

Денеска во периодот од 01.00 до 04.00 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола заедно со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за специјални полициски операции била извршена акциска контрола во угостителски објект на ул.„Македонска Фаланга” во Битола. При контролата биле констатирани повеќе прекршоци од Законот за прекршоци против јавен ред и мир, Законот за лична карта, Законот за оружје и Кривичниот законик, а во врска со неовластено производство и пуштање на дрога и психотропни супстанци.

dobivaj vesti na viber

Имено, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода Љ.Н.(36) од САД со привремен престој во Прилеп, И.Т.(22) од Скопје и Г.С.(24) од Прилеп, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја. Тие се приведени во полициска станица Битола и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од слобода се лишени и И.Ј.(38) и Х.К.(24) од Битола, поради тоа што кај нив биле најдени нож и боксирач, со што постапиле спротивно на Законот за оружје, како и П.Ѓ.(24) од Битола, кој го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. По документирање на случајот против тројцата ќе следува соодветна пријава.

Вчеравечер (13/14.08 2022), согласно планот „Безбедно лето 2022“ од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за униформирана полиција, СВР Битола-ОВР Прилеп во содејство со Управата за јавни приходи, Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат беше извршена акциска контрола и на подрачјето на Прилеп, со која беа опфатени повеќе угостителски објекти, соопшти полицијата.

При контролите од слобода се лишени М.Г.(18) и И.М.Т.(28), бидејќи при преглед кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана, а кај И.М.Т. прашкаста материја. Во угостителскиот објект на ул„Орде Тутески“ во Прилеп во 00.40 часот биле затекнати и приведени двајца малолетници од Прилеп, кои биле предадени на родителите против кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Во угостителските објекти констатирани се и низа неправилности од страна на инспекторатите: неиздавање фискални сметки, непријавени работници, немање дозвола за работа на тераси во објектите и друго, за што ќе бидат изречени глоби.

Во текот на изминатата вечер била спроведена и акциска контрола на територијата на град Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се шест возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, шест за возење без возачка дозвола, еден за измината важност на возачката дозвола и еден за возење без дозвола. При контролата констатирани се и четири останати прекршоци, а на сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, информираа надлежните.

Можете да прочитате

За два дена 139 деца донесени во Тетовската болница, 12 се хоспитализирани

Муцунски за „The Jerusalem Post” од Израел: Директна авиолинија, посилни економски врски и унапредување на соработката во туризмот

Еве како изгледа првиот дата центар во Македонија