Утрински Весник
Македонија

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

МВР отвори линија за анонимно пријавување лихварство

Министерството за внатрешни работи во изминатиот период почна акција за сузбивање на незаконската појава на позајмување на парични средства за несразмерна имотна корист со многу висока камата, позната како лихварство.

Граѓаните можат да пријават лихварство на бесплатниот телефонски број 0800 00 201 и тоа анонимно, односно да споделат корисни информации поврзани со санкционирање на ова кривично дело.

Кривичниот законик лихварството го дефинира на следниот начин (член 260).:

(1) „Тој што за услугата што му ја прави на некое лице прима или договара за себе или за друг несразмерна имотна корист искористувајќи ја неговата тешка имотна состојба, тешките станбени прилики, нуждата, недоволно искуство или лекомисленоста, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години .

(2) Со казната од став 1 ќе се казни и што неовластено се занимава со давање пари или други потрошни предмети на заем со договор и притоа договара несразмерна имотна корист.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Охрид почина деветмесечно бебе

Истрага за продолжено кривично дело измама

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје за сторено кривично дело „измама”