Утрински Весник
Македонија

МВР: Досега реновирани се 69 полициски објекти, во моментот се работи на уште осум

МВР: Досега реновирани се 69 полициски објекти, во моментот се работи на уште осум
Dik 300x250 mk

МВР во моментот забрзано работи на ренеовирање на осум полициски објекти, а 69 се досега целосно реконструирани, посочуваат во соопштение до јавноста од ресорното министерство и додаваат дека планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната година.

„Во моментот се работи на осум објекти на полицијата кои треба наскоро да бидат готови, и тоа: ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе“, се нагласува во соопштението.

Од МВР посочуваат дека во сите реконструирани објекти од 2017 до денес имплементирани се мерки за енергетска ефикасност, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови фасади, со што се создадале не само квалитетни услови за работа на полициските службеници, туку, како што велат, и за трансформација на објектите на енергетски план.

Од министерството укажуваат дека подобрувањето на условите за работа на полициските службеници ќе остане да биде приоритет на раководството на МВР и во следниот период.

Можете да прочитате

Денес си замина најлошиот градоначалник на Скопје

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Кина, Џианг Сјаојен

ДИК одби уште три приговори за гласање во избирачки места во Шуто Оризари