Утрински Весник
Спорт

Вирусот диктира и во Реал, уште четворица позитивни

Вирусот диктира и во Реал, уште четворица позитивни

Реал Мадрид соопшти дека фудбалерите Винисиус Жуниор и Тибо Куртоа се заразени со Ковид 19. Позитивни резултати добиле и Федерико Валверде, како и Едуардо Камавинга.

„Кралскиот клуб“ последните недели се соочува со големи проблеми поради ширењето на вирусот меѓу играчите.

Последните тестирања покажаа дека и последните четворица заразени, според правилникот, ги чека десетдневен карантин.

Претходниот период позитивни тестови на опасниот вирус добија Модриќ, Марсело, Родриго, Бејл, Лунин, Алаба и Иско.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио добил негативен тест.

Фудбалерите на Реал вчера се вратија на тренинзите, а наредниот меч е предвидено да го одиграат на 2 јануари, против Хетафе.

> Вирусот диктира и во Реал, уште четворица позитивни <

Можете да прочитате

Норис: Можам да добијам што сакам од Мекларен, но немам намера да го злоупотребувам моето влијание

Меси стави крај на репрезентативната кариера

Ѓоковиќ елиминиран во првото коло на Отвореното првенство на САД