Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – На пат Крива Паланка – Деве Баир, во близина на место викано „Бегови бавчи“, вчера во 16.05 се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 407“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Д.(27) од Крива Паланка и патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(23) од Крива Паланка.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Здравствениот дом Крива Паланка, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Од МВР денеска соопштија дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

На 29.06.2020 во 15.15 часот било пријавено дека 15-годишник од с.Добрејци и 14- годишник од с.Пиперево со трактор „ИМТ 539“, кој го управувал 14 годишникот, се упатиле кон место викано „Таре“ на реката Струмица за да ловат риби. Во еден момент, тракторот се превртел и паднал во реката, а малолетниците се удавиле. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

На 29.06.2020 во 10.55 часот во Скопје, на ул.„Борис Сарафов“, Б.Б.(31) од Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Сочинет е записник по чл. 13 од ЗППЈРМ.

На 29.06.2020 во 10.40 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Побожје – Радишани патничко возило „даеву матиз“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(43) од Скопје, излетало од коловозот. По незгодата, Н.Г. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

На 29.06.2020 во 20.30 часот било пријавено дека во с.Банско, струмичко, моторцикл „хусун“, без регистарски ознаки, управуван од Ш.И.(29) од с.Банско удрил во девојче пешак на возраст од пет години од с.Банско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило девојчето, констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде било пренесено за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициска станица Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи во 03.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Бледски договор“, С.Л. кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници, додека во 06.10 часот во просториите на Полициска станица Карпош, Л.Н.Е. го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син С.Л., кој бил претходно приведен. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 29.06.2020 во 18.40 часот во Полициската станица Карпош Б.А.(52) од Скопје пријавил дека во Градски парк неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Во текот 29.06.2020 на подрачјето на СВР Скопје се санкционирани три возила бидејќи биле нерегистрирани, шест возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач бидејќи поминал на црвено светло и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор