Утрински Весник
Македонија

Три нови позитивни случаи на коронавирус во Кавадарци

Триесет и тригодишен од село Манастирец пукал во баба си, жената не е во животозагрозувачка состојба

Кавадарци, 30 јуни 2020 (МИА) – Три нови позитивни случаи на коронавирус се регистрирани во Кавадарци. Информацијата за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Во првиот случај станува збор за 50 годишна медицинска сестра од стоматолошка ординација, а во вториот, за 64 годишен маж кој десетина дена не одел на работа. Двајцата биле со лесна клиничка слика и на домашно лекување во своите домови.

Третиот пациент позитивен на Ковид-19 бил на возраст од 63 години и бил хоспитализиран на неврохируршко одделение во Скопје, каде бил опериран. свд/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пешаците преминувале каде што ќе стигнат, возачите не им давале предност – 175 прекршоци

Работник почина од струен удар во Кондово

Јавна дискусија за ЗОРОДУ: Јасни надлежности и одговорност како темел на функционална државна управа