Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – На 27.05.2020 во 21.30 часот на ул. Гоце Делчев во Гостивар, полициски службеници од Полициска станица Гостивар лишиле од слобода 17 годишен малолетник од Гостивар, бидејќи по извршен претрес над него и во неговиот дом по претходно издадена судска наредба биле пронајдени марихуана и нож.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.

На 28.05.2020 во 00,15 часот на крстосница од ул.„Бертранд Расел“ и ул.„Николај Островски“ во Скопје патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(21) од Скопје, удрило во мотоцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(22) од Скопје. По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.05.2020 во 23.00 часот на крстосницата од ул.„Индустриска“ и ул.„Солунска“ во Битола, товарно моторно возило „пежо 208“ со скопски регистарски ознаки управувано од П.М.(48) од Битола удрило во моторцикл „јиа јуе“ со битолски регистарски ознаки управуван од 17 годишен малолетник од Битола. По незгодата сопатникот на моторциклот, 15 годишен малолетник од Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

На 27.05.2020 во 16.05 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека во Општата болница Кавадарци била донесена со тешки телесни повреди М.Д.С.(37) од село Бегниште која се повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот е известен јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.

На 27.05.2020 во 17.30 часот во СВР Скопје, К.Д.(61) од Скопје пријавил дека во близина на автобуска постојка на ул.„Лука Геров“ бил каснат од куче скитник.

На 27.05.2020 во 22.40 часот во Полициска станица Чаир, В.М.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Марко Крале“ во Скопје била касната од куче скитник.

Во текот на 27.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се еден возач поради неправилно престигнување, двајца пешаци поради сторени прекршоци и 38 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади