Утрински Весник
Македонија

МВР билтен (дпл)

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 29 мај 2020 (МИА) – Во село Батинци, скопско, утринава во 4:30 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(53) бидејќи, по издадена судска наредба, при извршен претрес во куќа во негова сопственост пронашле неколку ловни патрони непозната марка и калибар. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во Полициската станица Кичево, В.М.(52) од Кичево пријавила дека на 24 мај 2020 во подрумските простории во нејзиниот дом пронашла неексплодирана минофрлачка мина. Увид бил извршен во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а мината била подигната и предадена во Дирекцијата за натамошна постапка.

Вчера околу 17:40 во СВР Куманово било пријавено дека во продавница на ул.„Гоце Делчев“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу сопственикот В.К.(51) од Куманово и Д.Ц.(44) од село Младо Нагоричане, кумановско, кој бил во алкохолизирана состојба. Според пријавеното, сведок на случувањето била вработената М.Ц. (39) од Куманово. Притоа, двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар Куманово за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје, вечра во 16:42 часот С.И. пријавила дека во стан на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје го пронашла починат Х.Н.(42) од СР.Германија. Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Вчера во 20:50 часот во Полициската станица Центар, Д.Ј. пријавил дека околу 16.30 часот на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Скопје едно лице со закана со нож му одзело пари и документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчер во 13 часот во Полициската станица Карпош, Б.С.(51) од Скопје пријавил дека на 27 мај 2020 околу 20:30 часот на ул.„Никола Русински“ во Скопје бил физички нападнат од едно лице кое му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 12:10 часот во Полициска станица Гази Баба, В.М.(55) од Скопје пријавила дека на ул.„1646“ во населба Хиподром, Скопје, била касната од куче скитник.

Вчера во 17:30 часот во Полициската станица Драчево, М.П.(50) од Скопје пријавил дека на влез на Полициска станица Драчево бил каснат од куче скитник.

Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект во село Сарај, скопско, поради меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 16 и 17 годишни малолетници од с.Грчец, скопско, од една страна и Ј.Л.(35), Б.Л.(18) и 17 годишен малолетник, сите од с.Грчец и 17 годишен малолетник од с.Глумово, скопско, од друга страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Вчера во 11:30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Р.(65) од Скопје пријавил дека на 26 мај 2020 околу 21:30 часот во семејниот дом на ул.„Антон Чехов, по претходна расправија, бил физички нападнат со тврд предмет од неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ноќеска во два часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ж.Т.(42) од Скопје пријавила дека од домот на ул.„Социјалистичка Зора“ во Скопје се оддалечил нејзиниот син Д.Т.(16) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во Полициската станица Кичево, Д.С.(67) од Кичево пријавила дека на булевар „Ослободување“ во Кичево била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.Р.(24) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 05.09.2019 на ул.„Солунска глава“, во домот на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Џ.Д.(25) и С.Д.(31), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ на дрва. На 17 април 2020 на место викано „канлиева воденица“, полициски службеници ги запреле пријавените со запрежна кола со која пренесувале огревни дабови дрва, претходно исечени и одземени без потребната документација од реонот на „градска река“, место викано „биволска река“.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.А.(25) од с.Слупчане, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање лажен исказ“. На 25 март 2019 пријавениот, со цел да се стекне со дупликат патна исправа, во ОУР Куманово поднел барање за издавање на нова патна исправа по основ на изгубена и во постапката за издавање доставил изјава во која тврди дека дека неговата патна исправа ја изгубил во 2019 година во Куманово. По извршени проверки од 13.04.2020 од Амбасада на РС Македонија во Будимпешта било добиено известување дека, претходно на 18.10.2019, пријавениот во Унгарија бил кривично процесуиран за фалсификување на документ каде му била запленета и предметната патна исправа.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.А.(59) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, против правно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и против С.К.(49) од Гази Баба – Скопје поради постоење основи на сомнение за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавениот, како управител во правното лице, откако извршил увоз и царинење на моторно возило „МAN“ од СР Германија на име на правното лице изготвил фалсификувана „потврда за исполнување на техничките барања“, односно дека наводно била издадена од овластен претставник во РС Македонија. Врз основа тоа била обезбедена потврда за сообразност, која ја издал третопријавениот, вработен во фирма овластена за таа проблематика, иако знаел дека возилото не ги исполнува техничките барања. По ова, првопријавениот ја употребил како вистинска пред Отсекот за управни работи во Куманово, по што било извршено регистрирање на моторното возило и биле издадени македонски регистарски ознаки и македонска сообраќајна дозвола.

СВР Штип, СВР Тетово, СВР Куманово, СВР Охрид, СВР Струмица и СВР Битола поднесоа 46 кривични пријави против И.Л.(42), В.Ж.(37), двајцата од с.Ветрен-Делчево, Б.И.(26) од Виница, Е.Д.(52) од Делчево, Д.М.(50), С.С.(25), Г.М.(25), тројцата од Свети Николе, Н.Џ.(46), Љ.Ш.(14), Г.Ш.(16), С.И.(47) Р.А.(47), Ш.И.(28), Л.Л.(25), Ф.С.(31), А.И.(63), П.С.(29), М.Ф.(27), сите 11 од Тетово и биле лишени од слобода, Б.Ј.(29) од Гостивар и бил лишен од слобода, С.Б.(41), Б.С.(36), Р.И.(35) Р.Б.(26), Т.Т.(38), Д.С.(39), сите шест од Куманово, И.Д.(47) од с.Лабуништа, Струга, Р.Ш.(20) од Струга, Ж.Ѓ.(56) од с.Ораовица – Радовиш, С.С.(47) од с.Злеово– Радовиш, И.Б.(34) од с.Василево – Струмица, М.П.(40) од с.Конче– Радовиш, А.А.(38) од с.Градец – Гостивар, А.И.(31) од с.Горна Бањица – Гостивар, З.И.(31), Л.Т.(50), И.С.(61), З.Д.(32), Ш.А.(34), Ј.Т.(32), сите шест од Битола, З.С.(60), Б.П.(43), двајцата од Крушево, Ќ.А. (65) од с.Батинци – Студеничани, С.П.(49) од Студеничани, Д.Ј.(71) од Кочани, А.М.(19) од с.Соколарци-Чешиново Облешево, Ч.Ф.(35) од с.Слупчане – Куманово, Ф.Р.(43) од Арачиново – Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Да ја оспориме неправдата – претседателката Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

Мицкоски: Посакувам СДСМ да наликува на конструктивна опозиција