Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

Почина тригодишно девојче во Струга, телото дадено на обдукција
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против К.Л.(33) од струшкото село Ливада, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ и „убиство во обид“, како и против Е.О.(39) од истото село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 14 август 2017, првопријавениот К.Л. на летна тераса од угостителски објект во Струга, со револвер го лишил од живот Д.Б.(58) од струшкото село Велешта, а потоа пукал и кон А.Б.(41) од Струга и Б.С.(28) од с.Велешта. Второпријавениот Е.О., со патничко возило „мерцедес“, со швајцарски регистарски ознаки, по претходен договор со сторителот, го однел до угостителскиот објект.

На 14 февруари 2020 во 12.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на Средно Водно го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

На 14 февруари 2020 во 17.15 часот било пријавено дека во зградата на „Меѓународен Аеродром Скопје“, на шалтер бр.14, Е.В.(29) од Р.Албанија со тврд предмет физички го нападнал Т.Р.А.П.Р.(43) од Франција, офицер за врски од Француската амбасада во Скопје, кој вршел дополнителни проверки за условите за патување на странци за Европската Унија и Шенген држави. Според пријавеното, Е.В. заедно со неговата сопруга и со нивното малолетно дете се пријавил да патува за Барселона, поради здравствени прегледи на детето, а бил незадоволен од тоа што францускиот претставник не му дозволил да патува во Европската Унија, со образложение дека не ги исполнувал општите условите за влез во ЕУ. Е.В. бил приведен во Полициската станица за Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, а во 21.10 часот бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

На 15 февруари 2020 околу 03.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје, по претходна расправија, Г.М.(29) од Скопје, со уште неколку лица, физички го нападнале Д.Д.(31) од Скопје, по што побегнале. Набргу потоа, полициски службеници ги пронашле и во Полициската станица Аеродром ги привеле Г.М., Т.Д.(27) од Скопје и Ј.М.(27) од Скопје. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15 февруари 2020 во 04.00 часот во СВР Скопје, Д.С.(29) од Скопје пријавил дека околу 03.50 часот на ул.„Мирослав Крлежа“ бил физички нападнат од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14 февруари 2020 околу 11.00 часот на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, во близина на станица за технички преглед, на место викано „Еленина глава“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(28) од с.Шлегово, кратовско, поради тоа што се однесувал агресивно и со шрафцигер се обидел да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија, а на еден од нив се обидел да му го одземе службениот пиштол. Д.К. бил приведен во Полициската станица Кратово, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14 февруари 2020 во 11.11 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив била донесена Л.П. од Скопје. Според пријавеното, таа се повредила на работно место, во продавница на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.

На 14 февруари 2020 околу 13.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во експозитура на банка на ул.„Партизанска“ во Битола, П.П.(78) од Битола бил нападнат и повреден од лице вработено како обезбедување во банката. Според пријавеното, П.П. со уште неколку лица изразиле незадоволство поради затворање на еден од шалтерите, а по упатеното предупредување лицето од обезбедување го исфрлил П.П. надвор од банката, при што П.П. се здобил со тешка телесна повреда. Се работи на расчистување на случајот.

На 14 февруари 2020 било пријавено дека во периодот од 14.00 часот на 13 февруари 2020 до 07.00 часот на 14 февруари 2020 во поштата во општина Конче, непознат сторител со употреба на сила и погоден предмет влегол внатре и одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14 февруари 2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, Т.А.(50) од Скопје пријавил дека на плоштад „Македонија“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 14 февруари 2020 околу 23.00 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во куќа сопственост на Р.А.(50) на ул.„Боге Велјаноски“ настанала расправија помеѓу него и неговата сопруга С.А.(47). Според пријавеното, притоа Р.А. зел нож, а С.А. сакајќи да му го одземе ножот, се исекла и се здобила со повреди на десната рака. Исто така, според пријавеното, нивниот син А.А.(22) се обидел да ги раздели, но и тој се исекол од ножот на левата рака. Двајцата биле пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14 февруари 2020 во 15.00 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп, 32-годишна жена од прилепско село пријавила дека нејзината малолетна ќерка била уценувана од лице од Скопје. Според пријавеното, лицето го уценувало девојчето дека ќе објави нејзини фотографии на социјалните мрежи доколку не остварат средба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14 февруари 2020 во 21.30 часот во Полициската станица Чаир, од дом во с.Визбегово било пријавено дека од домот самоволно се оддалечил нивниот штитеник К.Д.(14) од Кавадарци, кој и претходно во повеќе наврати самоволно го напуштал домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 14 февруари 2020 во 14.40 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Г.П.Т.(29) од Скопје пријавила дека на ул.„Рафаело Батино“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.

На 14. февруари 2020 во 15.00 часот во Полициското одделение Петровец, С.М.(49) од с.Трубарево пријавила дека од домот на О.Б. од с.Чојлила, општина Петровец, каде што била последен пат, се оддалечила нејзината ќерка Е.М.(17). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 14 февруари  2020 околу 11.30 часот во СВР Скопје, Б.И.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Бранислав Нушиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник на левата надколеница.

На 14 февруари 2020 во 15.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во заложна куќа на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје едно лице со закана со пиштол од вработениот одзел пари и побегнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија