Утрински Весник
Спорт

Мбапе ја „освојува“ Америка – би можел да биде и шутер во НФЛ

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе веќе е суперѕвезда во Франција и во Европа, но летово очигледно реши да ја „нападне“ и Америка, каде што е една недела и веќе склучи договор со НБА лигата и беше гостин на НФЛ тимот Лос Анџелес рамс, каде што покажа дека може да биде и добар шутер во американскиот фудбал.

Мбапе никогаш не ја криел љубовта кон американската култура и начин на живот, и ова не е прво лето да биде гостин во САД, каде што честопати ги посетува и Источниот и Западниот брег на Америка.

Мбапе беше гостин на „СоФи стадионот“ во Лос Анџелес, со ѕвездата на Рамс, Купер Кап, со кого споделија совети и имаа мал тренинг во шутирање.

> Мбапе ја „освојува“ Америка – би можел да биде и шутер во НФЛ <

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027