Утрински Весник
Свет

Мас: Германија вети 40 милиони евра помош за цивилите во Газа

Мас: Германија вети 40 милиони евра помош за цивилите во Газа

Германија денеска вети 40 милиони евра со цел да се зголеми хуманитарната помош за цивилите во Газа, каде што според податоците на Обединетите нации, над 52.000 Палестинци се раселени поради последните израелски воздушни напади.

„Денес ќе лобирам за подобра хуманитарна помош во Газа“, рече германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас пред состанокот со колегите од другите земји на Европската Унија на кој ќе разговараат за ситуацијата во Израел и Газа, пренесува „Ројтерс“.

Мас додаде дека Германија ќе обезбеди 40 милиони евра за тие цели.

Во исто време, тој ги осуди ракетните напади на Хамас врз Израел од Појасот Газа и истакна дека Израел има право на самоодбрана.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск