Утрински Весник
Свет

Масакр во Цетиње, по семеен конфликт убил 11 луѓе, пукал и во деца

Во населбата Медовина во црногорскиот град Цетиње, во близина на Владата, денеска околу 16 часот загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и еден припадник на полицијата (прострелна рана во главата), потврдија од Управата на полицијата, објави „Танјуг“.

dobivaj vesti na viber

РТЦГ јавува дека на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот, 34-годишен Вучко Бориловиќ откако го убил целото семејство, излегол од куќата и пукал во случајни минувачи на улицата. Тој пукал и кон полицијата, а притоа не и дозволувал на брзата помош да се доближи за да им пружи прва помош на повредените. Во пресметката со полицијата Бориловиќ бил убиен.

Неофицијални информации се дека меѓу загинатите, четири се деца.

Голем број граѓани на Цетиње се на местото на трагедијата на кое има зголемено полициско присуство.

Можете да прочитате

Директор на училиште и еден наставник повредени во пукање на југот на Франција

ЕК за најавеното „енергетско примирје’: Украина е подготвена да го почитува, но руските напади продолжуваат

Во Италија над 130 заболени од салмонела, се испитува извозот за Хрватска и Словенија