Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мартинез не е заинтересиран за клупата на Барса: Тоа се само гласини!

Мартинез не е заинтересиран за клупата на Барса: Тоа се само гласини!
300x250 opst2

Селекторот на фудбалската селекција на Белгија, Роберто Мартинез ги отфрли шпекулациите кои се појавија денеска во бројни европски медиуми дека тој ќе е наследникот на Роналд Куман на клупата на Барселона. Меѓу кандидатите за нов кормилар на каталонскиот клуб се споменуваат и имињата на Андреа Пирло и Антонио Конте.

„Како што претпоставувате – немам што да кажам. Тоа се гласини, секогаш ги има, тоа е нормално во фудбалот. Кога ќе загубиш три натпревари, се појавуваат гласини дека ќе ја загубиш работата. Кога работите одат добро, кога има резултати и тогаш ќе има гласини. Во овој момент немам коментар“ вели тој.

По 6 кола во Ла Лига, Барселона е осма на табелата со 2 победи и 2 нерешени, со два меча помалку од водечкиот Атлетико Мадрид.

Мартинез, пак, е селектор на „ѓаволите“ од 2016 година. На клупско ниво 48-годишниот Шпанец бил предводник на Свонси, Виган и Евертон.

> Мартинез не е заинтересиран за клупата на Барса: Тоа се само гласини! <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент