Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Марсело на лето би можел во Јувентус

Марсело на лето би можел во Јувентус
Dik 300x250 mk

Мадрид, 27 март 2020 (МИА) – Марсело веќе подолг период е желба на Јувентус, па никого не би требало да изненади доколку Бразилецот на лето се пресели од Мадрид во Торино.
Според шпанска „Марка“ поддршка за таквиот трансфер има и од Кристијано Роналдо кој, се чини, дека вложува максимални напори кај управата на „старата дама“ за ангажман на бразилскиот лев бек.
„Марка“ во образложението на веста наведува дека и Маурисио Сари го почитува Марсело и дека покрај левата аут линија засега има само едно решение – Алекс Сандро.
Марсело е во Реал Мадрид од 2007 година. На „Бернабеу“ пристигна од Флуминенсе и оваа сезона одигра 11 меча за „кралскиот“ клуб во Примера. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026

Англија ја победи Летонија и обезбеди учество на СП 2026

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!