Утрински Весник
Спорт

Марота: Сакавме да имаме тандем Џеко-Влаховиќ

Марота: Сакавме да имаме тандем Џеко-Влаховиќ

Извршниот директор на Интер, Бепе Марота, открил дека планот на клубот бил оваа сезона Балканци да го предводат нападот. Марота рекол дека нивна цел во преодниот рок била да го спојат искуството на Един Џеко со младоста на Душан Влаховиќ.

„Потписот на Џеко за нас беше приоритет, него се обидувавме да го донесеме и минатата сезона. Влаховиќ? Сметам дека е голем талент“, рекол Марота и дополнил.

„Можам да кажам дека Џеко беше нашата главна цел, а Влаховиќ беше зад него. Доколку ги донесевме двајцата ќе направевме добра комбинација на искусен и играч за иднината на клубот. Тоа ќе беше најдобро, но секако дека бевме задоволни кога го донесовме Џеко“, заклучил Марота.

> Марота: Сакавме да имаме тандем Џеко-Влаховиќ <

Можете да прочитате

Кениса Бекеле учествува на Олимпијадата во Париз

Реал одби 45 милиони евра за Гулер

Ван Перси го презеде Херенвен