Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Судовите се ослободуваат од притисоци и испорачуваат правда со засилена динамика

Маричиќ: Судовите се ослободуваат од притисоци и испорачуваат правда со засилена динамика
Dik 300x250 mk

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека е задоволен што динамиката на реформи во правосудството се зголемува.

Според Маричиќ, преку дигитализацијата ќе се надминат предизвиците во однос на транспарентноста во правосудството.

Тој ова го истакна во своето обраќање на презентацијата на Вториот национален извештај од Матрицата на индикатори за мерење на перформансите во правосудството.

„Она што ме радува од Извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17 процентни поени, во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот. Ова за мене е своевидна потврда на тоа што го говориме, дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика“, истакна министерот за правда.

Според Маричиќ, во правосудството моментално се решаваат проблеми наталожени со години, но и перцепции за судството наталожени со години.

Тој кажа дека со посветеност, во инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори, ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Можете да прочитате

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

Хаким Рамадани си прави митинг во Челопек за време на изборен молк (ВИДЕО)

ДИК: Гласањето на болните и немоќните лица помина без неправилности, резултатите ќе се објават утре