Утрински Весник
Македонија

Маричиќ со Штер и Шуц: ​Интеграцијата на Македонија и на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучна во овие нестабилни времиња

Маричиќ со Штер и Шуц: ​Интеграцијата на Македонија и на земјите од Западен Балкан во ЕУ е клучна во овие нестабилни времиња

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ денес одржа онлајн состанок со директорките во германското Министерство за надворешни работи за Западен Балкан, Забине Штер и за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Сузане Шуц.

„Позитивните сигнали и поддршката кои ги добиваме од Република Германија исклучително ни значат и се силна потврда за посветеноста на Германија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но и признание дека како земја направивме многу, реализиравме сериозни европски реформи и остануваме посветени на евроинтегративниот пат на земјата“, истакна Маричиќ.

На средбата беше поздравен напредокот во преговорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, и беше изразено очекување дека двете земји се на добар пат да ги затворат отворените прашања во разумен рок и поскоро да биде отстрането ветото за нашата земја.

Директорките во германското Министерство за надворешни работи за Западен Балкан, Забине Штер и за Југоисточна Европа, Турција и државите на ЕФТА, Сузане Шуц се согласија дека земјите од Западен Балкан се значаен дел од Европа и нивното заостанување е заостанување за самата Унија.

Според нив интеграцијата на Северна Македонија и општо на земјите од Западен Балкан во ЕУ во овие времиња на нестабилност, предизвикана од воениот конфликт во Украина, е клучна за воспоставувањето стабилност и мир во регионот.

Вицепремиерот Маричиќ ги информираше дека Секретаријатот за европски прашања веќе работи на ревидирање и ажурирање на реформскиот план – кој ќе се однесува на приоритетните препораки од Извештајот на ЕК за земјата, како и на целосно подготвање на државната администрација за процесот на пристапни преговори, со цел полесно да одговори на бараната нова Методологија.​

Можете да прочитате

Фондот на ПИОМ подготвува Договор за електронска размена на податоци со институциите за задолжително пензиско осигурување од Австрија

Капетановиќ: Кариерните патеки веќе не се толку линеарни, не се важни само дипломите, туку вештините, способностите и адаптабилноста

Приведено лице од Валандово за физички напад и поседување огнено оружје и муниција