Утрински Весник
Свет

Нов детаљ од преговорите: Абрамович не е официјален член на руската делегација

Нов детаљ од преговорите: Абрамович не е официјален член на руската делегација

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Абрамович не е официјален член на рускиот преговарачки тим во Истанбул, но неговото присуство било одобрено и од руската и од украинската страна.

„За да се воспостават контакти меѓу двете страни потребно е да се добие одобрение од двете страни, а во случајот со Абрамовиќ ова одобрение е од двете страни. Роман Абрамович е вклучен во обезбедувањето одредени контакти меѓу руската и украинската страна и не е официјален член на делегацијата“, истакна Песков.

Тој ги отфрли извештаите за труењето на Абрамович, нарекувајќи ги дел од „информативна војна“.

„Ова е дел од информативната кампања, дел од информативната саботажа, ова е дел од информативната војна. Овие извештаи секако не се точни, но имаше изјави од претставниците на Абрамович. А, всушност, сите членови на делегацијата сега се прикажани на телевизиските екрани во Истанбул“, додаде Песков.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен предложи Канада да стане прва придружна членка на ЕУ

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа