Утрински Весник
Македонија

Маричиќ попладневно на средба со Хан во Брисел

Маричиќ попладневно на средба со Хан во Брисел

Министерот за правда Бојан Маричиќ со средби со европратеници и комесарот Јоханес Хан ја продолжува неколку дневната работна посета на Брисел. На тема реформи во правосудството, владеењето на правото и европските интеграции на земјата, министерот ќе разговара со хрватската европратеничка Желјана Зовко.

Попладнево Маричиќ во Европската комисија ќе има и работен состанок со еврокомесарот за финансии Јоханес Јан.

Во текот на денот превидена е средба на министерот за правда со претставници на дијаспората на која ќе се разговара за пописот и потребата сите нашинци во странство масовно да се попишуваат и на тој начин директно да придонесат во развојот на државата.

Можете да прочитате

Владата ги намалува цените на училишниот прибор, 10% во трговија на големо и до 15% во трговија на мало

Куќа изгорела во близина на Пробиштип

Неисправен лифт во зграда тешко повреди тригодишно девојче во Радишани