Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Новинарските организации ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

Маричиќ: Новинарските организации ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета
Ss2

Прашањето околу третманот и заштитата на медиумските работници беше главната тема на дискусија на денешната средба на министерот Маричиќ со претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), беше

Се разговараше околу потребата за измена на Кривичниот законик (КЗ) кој во моментот се работи со поддршка на Мисијата на ОБСЕ, со посебен фокус во делот на препораките на синдикатите, а тоа е медиумските работници да бидат опфатени со посебни одредби во КЗ.

Img 5587

Министерот Маричиќ истакна дека синдикатите ќе учествуваат во дефинирањето на одредбите од овој закон во делот на кривичните дела кои се однесуваат на различни форми на напади или закани упатени кон медиумските работници.

Покрај законските измени, соговорниците се согласија дека сепак е потребно одлучно постапување по службена должност од страна на надлежните институции за истражување и санкционирање на овие дела.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу најавената измена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за кој Маричиќ истакна дека во моментот се подготвува анализа во која ќе бидат содржани и препораките за измени на законот, кои ќе се разгледуваат заедно со синдикатите.

Последна, но не и помалку значајна тема, беше околу измените на Изборниот законик во делот на одредбите кои се однесуваат на медиумите, за кои Маричиќ исто така најави соработка со синдикатите.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)