Утрински Весник
Магазин

Марен Морис триумфира на „ЦМА“ наградите

Марен Морис триумфира на „ЦМА“ наградите

Познатата кантри-пејачка и текстописец Марен Морис во средата вечерта освои најмногу трофеи на овогогодишното доделување „ЦМА“ награди, а најголемиот трофеј – женски вокал на годината – го посвети на придонесот на Афроамериканките во кантри музиката.

Морис освои три трофеи на настанот со социјално дистанцирана публика,  а својата победа им ја посвети на младите афроамерикански кантри-пејачки,

30-годишната Морис им даде посебен акцент на афроамериканките во жанрот, вклучувајќи ги Бритни Спенсер, Ријанон Гиденс, Линда Мартел, Јола, Риси Палмер и Мики Гајтон додека ја примаше најголемата награда на настанот во Нешвил.

Таа застана пред физички оддалечената публика и рече: „Има толку многу неверојатни црнкињи кои продолжуваат како пионери во овој жанр, и јас знам дека тие надоаѓаат зад мене.“

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Викенд што долго ќе се прераскажува: Повеќе од 60 жени беа дел од настанот „dm bring your best friend” во Маврово

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски

Награда од 13.000 евра за победникот на натпревар во спиење во Јапонија