Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мара Гомез стана првата трансродова фудбалерка која одигра меч

Мара Гомез стана првата трансродова фудбалерка која одигра меч
Img 7972

Аргентинката Мара Гомез стана првата трансродова фудбалерка која одиграла професионален меч, откако Аргентинската фудбалска федерација (АФА) и дозволи да настапува во првата лига за Атлетик Клуб Вила Сан Карлос по утврдувањето дека нејзиното ниво на тестостерон не и дава дополнителна предност.

23-годишната Гомез првпат потпиша со клубот во јануари, но потоа имаше долги преговори со АФА во обид да ги убеди дека тоа што е родена како машко не и дава предност во дуелите со жените. Таа мораше да даде примероци крв со кои ќе докаже дека нивото на тестостерон и е во рамките на параметрите кои ги има објавено Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ).

Гомез стартуваше во понеделник во мечот со Ланус, кој Вила Сан Карлос го загуби со 7:1, а гостинскиот клуб подоцна и подари дрес со нејзиното име.

> Мара Гомез стана првата трансродова фудбалерка која одигра меч <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН