Утрински Весник
Македонија

Малолетен велосипедист загина на патот Струга – Охрид, во него удрил автомобил

257 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Велес и скопската обиколница

Седумнаесетгодишен велосипедист загина откако во него удрил автомобил на патот Струга – Охрид.

Според информациите на МВР, вчера во 11 часот во полиција било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Охрид, помеѓу село Подмоље и Авто камп, К.Р.(21) од Струга со автомобил „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки удрила во 17-годишен велосипедист од село Ливада, струшко.

Од здобиените повреди велосипедистот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

К.Р. била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ каде ѝ биле констатирани телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Охрид.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Крмов: Коалиција повторно проработи – ДУИ и ДПМНЕ го прошверцуваа Изборниот законик во собраниска процедура

СДСМ подготви 10.000 амандмани на Изборниот законик

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!