Утрински Весник
Македонија

Малиот пазар во велешката Нова населба останува затворен

Малиот пазар во велешката Нова населба останува затворен

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната седница донесе одлука малиот пазар во Нова населба во Велес да остане и понатаму затворен, ценејќи дека нема доволна вентилација поради затворениот простор во кој е сместен. Оваа одлука ќе остане на сила до крајот на наредната недела, информира на денешната прес-конференција градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека големиот градски пазар од денеска веќе е отворен за продажба на непрехранбени производи.

Појасни дека тие што ќе работат денеска, нема да работат во недела доколку е дозволено да се работи,  односно ќе работат наизменично во текот на неделата  се со цел да не се концентрираат големи групи на лица на едно место.

– Со цел да се обезбеди повеќе полесно движење на граѓаните ЈКП „Дервен“ ги отвори другите двата влеза на пазарот и ја засили редарската контрола и внатре во пазарот и надвор од него. Надвор од пазарот редарите ќе обезбедуваат растојание од 2 метри помеѓу граѓаните што чекаат, а внатре во пазарот ќе се грижат да не се создаваат турканици покрај тезгите,појасни Коцевски.

Воедно  укажа дека задолжителна обврска и на продавачите и на купувачите е да носaт заштитни маски. ад/аа/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиадис: Доколку се прекршува Преспанскиот договор Мицотакис ќе го поништи

Првата група студенти го заврши првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана

Приведен кавадарчанец по распишана централна потерница