Утрински Весник
Македонија

„Комуналец“ расчистува наноси од кал на сообраќајниците во Крива Паланка

„Комуналец“ расчистува наноси од кал на сообраќајниците во Крива Паланка
300x250 (7)

Крива Паланка, 22 мај 2020 (МИА) – Екипите на јавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка денеска работат на расчистување на наносите од кал на јавни површини и сообраќајници во Општината, по дводневните врнежи од дожд.

– Согласно програмата за одржување на јавна чистота на Општина Крива Паланка, вработени во „Комуналец“ од утринава интензивно работат на чистење на наностите од кал и песок после поројните дождови. Се расчистуваат повеќе сообраќајни површини низ градот, главна улица и останати локации, со цел непречено одвивање на сообраќајот. Истовремено, вработените од секторот за комунални дејности и чистота редовно вршат расчистување и отстранување на смет од јавните површини, се одржува хигиената во градот. Во услови на пандемија, нашето претпријатие врши и редовно перење на улиците, изјави директорот на претпријатието Миле Марковски.

300x250 (7)

Нагласи дека ЈП „Комуналец“ тековно го уредува и градскиот зелен пазар, каде неодамна беа набавени 130 тезги и дрвени куќарки, а сега се адаптира простор со настрешници за ставање во функција на новонабавените ладилници кои ќе бидат поставени на пазарот. ид/мс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ