Утрински Весник
Свет

Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Макрон се обрати на нацијата – нема да се откажеме од нашите вредности

Франција повторно беше цел на терористички напад, порача францускиот претседател Емануел Макрон во Ница, каде утрото беа убиени тројца луѓе.

Тој најави дека Франција воведува засилени контроли на безбедност во училиштата по терористичкиот напад во Ница.

Исто така, Макрон нагласи дека по нападот во Ница ќе биде мобилизирана дополнителна воена цила.

Војската ќе ги штити најголемите француски градови, училиштата и религиските објекти, истакна Макрон. Наместо сегашните 3.000, овие места ќе ги чуваат 7.000 војници.

„ Франција е нападната поради нашите вредности, а ние нема да се откажеме од нив“ изјавил францускиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белорусија започна воени вежби во близина на Полска и Литванија

Саудиска Арабија ги прекинува испораките на нафта кон Европа

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка