Утрински Весник
Свет

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Макрон: Санкциите не се доволни за Русите, треба остро да се разговара со нив

Тензиите на руско-украинската граница се неприфатливи, смета францускиот претседател Емануел Макрон, тврдејќи дека санкциите против Русија не се доволни.

„Денешната ситуација и нивото на напнатост на границата се апсолутно контрапродуктивни и неприфатливи“, рече Макрон во интервју за американска телевизија.

“Јас сум за засилени дипломатски напори за ублажување на тензиите, но разговорите со Москва мора да бидат јасни и остри. Мислам дека треба да ги дефинираме границите на прифатливото во овие разговори. Само тогаш можеме да бидеме веродостојни. Санкциите сами по себе не се доволни, но тие се дел од пакетот “, нагласи тој.

Макрон се вклучи во дипломатските напори за смирување на последните тензии во Украина и разговараше во петокот со германската канцеларка Ангела Меркел и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тројцата државници побараа од Русија да ги повлече трупите во близина на границата со Украина и повикаа на почитување на кревкото примирје во источна Украина. Украинскиот претседател најави нови консултации, со посредство на Германија и Франција.

За потсетување, во 2014 година Русија го анексираше полуостровот Крим, кој дотогаш беше дел од Украина, и бунтовниците во делови на источна Украина со мнозинство руско население се судрија со украинската армија. Делови од регионите Доњецк и Луганск, долж руско-украинската граница, сè уште се под контрола на бунтовниците, поддржани од Русија, а тензиите неодамна ескалираа.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња