Утрински Весник
Свет

Макрон: Путин направи историска грешка со нападот на Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска оцени дека неговиот руски колега Владимир Путин направил „историска и суштинска грешка“ кога ја нападна Украина и дека сега е „изолиран“.

„Мислам и му кажав дека направи историска и фундаментална грешка за својот народ, за себе и за историјата“, рече Макрон во интервју за француските регионални медиуми.

Францускиот претседател додаде дека не ја исклучува можноста наскоро да отпатува за Киев, пренесува Ле Фигаро.

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија