Утрински Весник
Свет

Макрон најави референдум за внесување на заштитата на климата во францускиот Устав

Тихановскаја: Макрон вети дека ќе помогне

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот објави дека ќе се организира референдум за вклучување на одредбата за заштита на климата и заштита на животната средина во францускиот Устав.

Обраќајќи им се на членовите на Граѓанската конвенција за климатски промени, Макрон прецизираше дека реформата прво треба да биде усвоена од Националното собрание и Сенатот.

„Тоа ќе биде уставна реформа во еден член, еден член што прво ќе треба да го одобри Националното собрание, а потоа и Сенатот, а потоа ќе се организира референдум“, рече францускиот претседател.

Употребата на референдум за воведување на концептите на биодиверзитет, животна средина, борба против глобалното затоплување во членот 1 од Уставот е меѓу предлозите поднесени од Граѓанската конвенција за климатски промени.

Емануел Макрон на 14 јули рече дека сака што поскоро да ја заведе борбата против затоплувањето на климата во Уставот, што ќе биде голем чекор напред.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година

Најмалку 27 жртви во пожар во ноќен клуб во Банкгок

САД и Иран продолжија со меѓусебните напади