Утрински Весник
Свет

Макрон и Путин разговараа речиси два часа – последен обид да се избегне војна

Макрон и Путин разговараа речиси два часа – последен обид да се избегне војна

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска, речиси два часа, разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин за кризата во Украина.

„ Телефонскиот разговор со претседателот Путин траеше еден час и 45 минути“ – соопштија од Елисејската палата.

По Путин, Макрон започна телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски, пренесува RFI.

Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, ги претставува „последните можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.

Можете да прочитате

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор

Русија погоди уште еден важен мост во Киев