Утрински Весник
Свет

Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Макрон ги обвини Вашингтон и Лондон за блокирање на извозот на вакцини

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ги обвини Велика Британија и САД за блокирање на извозот на вакцини против коронавирус, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Макрон вели дека е подготвен да го разгледа повикот на американскиот претседател, Џо Бајден, производителите на вакцини за коронавирус да се одречат од патентните права, но истакна дека во глобалната борба против коронавирусот многу е поважно Вашингтон да ја укине забраната за извоз на вакцини.

„Денес, Англосаксонците блокираат многу состојки и вакцини, а 100 проценти од дозите произведени во САД се наменети за нивниот пазар“, нагласи Макрон, истакнувајќи дека ЕУ се бори вакцините да бидат јавно добро.

Можете да прочитате

Американската војска се подготвува за нови напади врз Иран

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

Во Полска уапсена група осомничена за продажба на делови за оружје на Русија