Утрински Весник
Македонија

Македонците со почит кон Мазенковски, писател, новинар и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Македонците со почит кон Мазенковски, писател, новинар и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија

Пустец, 31 мај 2020 (МИА) – Македонците во Албанија му одадоа почит на пред две години починатиот Спасе Мазенковски, македонски патриот, писател, новинар, публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија.

Претседателот на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и пратеник во албанскиот парламент, Васил Стерјовски, вели дека Мазенковски ќе остане засекогаш запишан со златни букви во историјата на Македонците во Албанија.

-Македонците во Албанија не го забораваат неговиот огромен придонес во борбата за остварување на правата на Македонците во Албанија и зачувување на македонскиот национален идентитет. Целиот свој живот го посвети во афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен и верски идентитет и за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија, изјави за МИА,
Стерјовски, Спасе Мазенковски целиот свој живот го мина и твореше во селото Леска,општина Пустец, Мала Преспа, каде беше роден во 1951 година и каде се наоѓа и неговото вечно почивалиште.

-Беше основач и претседател на Организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија, друштвото „Преспа“, основач и главен уредник на весникот „Преспа“, еден од основачите на МАЕИ, и учесник во сите активности на Македонците во Албанија од 1990 година до неговата смрт на
30 мај 2018 година. Вечна му слава и за навек неговот име и дело, додава Стерјовски.

Спасе Мазенковски на македонски јазик има објавено неколку поетски збирки, книги, раскази и репортажи „Преспа моја“, „Разбојна китка“ „Торбулето на татко ми“ „Преспанска убавица“, „Лабид и Преспана“, „Рѓосани бисери“, „Историја на Македонскиот народ во Албанија“, која е објавена и на албански јазик.  Беше член на Друштвото на писатели на Македонија и на Друштвото на писатели „Новиот свет“ во Албанија. вт/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Венко Крстевски најави кандидатура за градоначалник на Кочани

ВРЕДИ: Дали Арсовска даде заклетва пред граѓаните или пред Беџети?

Сијарто: Не е само Бугарија, туку и други земји на ЕУ ја попречуваат Македонија